Достапни линкови

Женева – Нова рунда преговори за иранската нуклеарна програма


Иран и шесте светски сили денеска треба да почнат нова рунда преговори во Женева за контроверзната нуклеарна програма. Во фокусот на разговорите се напорите Иран да прифати да се откаже од нуклеарните активности за шест месеци по што би требало да престојат одредени олеснувања на воведените санкции од западните земји.Западните сили бараат Иран да го стопира производството на осиромашен ураниум. Тие исто така изразуваат загриженост во врска со реaкторот во Арак во западен Иран што се поврзува со производство на оружје со плутониум како нуспродукт. Двете страни последен пат се сретнаа во Женева пред 10 дена, но не успеаја да постигнат договор.
XS
SM
MD
LG