Достапни линкови

logo-print

Ерменија и Азeрбејџан за мирно решавање на Нагорно Карабах


САД ги поздравија претседателите на Азербејџан и на Ерменија за средба што ја остварија прв пат по речиси две години. Стејт Департментот во соопштение наведува дека Самитот во Виена во вторникот претставува важен чекор во насока на обновување на дијалогот и демонстрирање лидерство со цел ставање крај на конфликтот во Нагорно – Карабах. Претседателите на Ерменија и на Азербејџан Серж Саркисиан и Илхам Алиев се сретнаа со посредство на Организацијата за европска безбедност и Соработка, како и на Франција,Русија и на САД. По средбата Минск групата соопшти дека двајцата претседатели во Виена се согласиле да ги продолжат разговорите за да може да се постигне мирно решение за прашањето околу сепартистичкиот регион Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG