Достапни линкови

Иранскиот аташе за култура меѓу убиените во експлозиите во Бејрут


Во две експлозии пред иранската амбасада во Бејрут загинаа 23 лица а повеќемина се повредени. Амбасадорот на Иран во Либан Ганзафор Рокн Абади е безбеден, но дипломатскиот претставник за култура Ибрахим Ансари е убиен во нападот.
Амбасадата се наоѓа во дел на либанскиот главен град каде што е силно шиитското движење Хезболах кое го поддржува сирискиот претседател Башар Ал Асад. Агенциите јавија дека експлозиите биле активирани од двајца бомбаши самоубијци од кои едниот бил во автомобил.
Одговорноста за нападот ја презеде либанскиот огранок на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG