Достапни линкови

Тачи- Изборите на Косово ја затворија вратата за негова поделба


Премиерот на Косово Хашим Тачи на синоќешната седница на Советот за Безбедост на ОН оцени дека локалните избори на Косово биле успешни и дека со изборите е затворена вратата за негова поделба или за регионализација.
Според неговите зборови, изборите покажале дека бојкотот на северот на Косово не успеал и исто така дека тие биле сериозен тест за дијалогот меѓу Белград и Приштина во 2013 година што тој го оцени како историски.
Тачи рече дека тој и владата во Приштина веруваат дека одржувањето на локалните избори е момент на пресврт во меѓуетничките односи на Косово.
XS
SM
MD
LG