Достапни линкови

Дачиќ: да се обезбедат услови за вториот круг од изборите


Премиерот на Србија Ивица Дачиќ ја повика Приштина и меѓународните фатктори да обезбедат улсови за одржување на вториот круг од локалните избори во општините со српско мнозинство на Косово, за да не се повтори грубото кршење на изборната процедура од 3 ноември. Дачиќ, на седницата на Советот за Безбедност на ОН за Косово што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк, истакна дека Србија е цврсто определена активно и конструктивно да ги продолжи разговорите со Приштина на сите нивоа како и за примената на постигнатиот договор и додаде дека желбата за нормализација на односите не значи дека Србија ќе го промени својот став дека не ја прифаќа еднострано прогласената независност на Косово.
Тој нагласи дека очекува сите проблеми што ги споменал да бидат предмет на дијалогот во Брисел закажан за 5 декември.
XS
SM
MD
LG