Достапни линкови

logo-print

Климатските промени, закана за човештвото


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска во Варшава предупреди дека климатските промени се една од најголемите закани за човештвото. Според него, неодамнешниот тајфун на Филипините потсетил на можните размери на катастрофите предизвикани од глобалното затоплување. Бан Ки Мун престојува во Варшава на 19 климатски самит што деновиве се одржува во тој град. 12 илјади претставници од 195 земји настојуваат да подготват компромиси за конечна спогодба која би требало да биде усвоена на наредниот самит во Париз во 2015 година.
XS
SM
MD
LG