Достапни линкови

Пилотска грешка, причина за несреќата во Казан


Руските власти соопштија дека првичната истрага покажала оти пилотска грешка е најверојатна причина за падот на авионот на Татарстанската авиокомпанија во неделата во Казан. Во несреќата загинаа сите 50 луѓе во леталото. Се прецизира дека пилотите не успеале во нивниот обид безбедно да го спуштат авионот и оти моторите и целокупната опрема во авионот функционирале беспрекорно.
XS
SM
MD
LG