Достапни линкови

logo-print

Признание за филантропите од охридско-струшкиот регион


Филантропи и донатори од oхридско- струшкиот регион.

Филантропи и донатори од oхридско- струшкиот регион.

Неодамна на 42 филантропи и донатори од охридско-струшкиот регион им беа доделени признанија за афирмација на филантропијата.

Се повеќе филантропи или донатори има меѓу локалните компании, бизнисмени и поединци од oхридско-струшкиот регион. Неодамна на 42 од нив им беа доделени признанија за афирмација на филантропијата. Сите овие компании и поединци во изминатите неколку години организирале или поддржале хумани настани, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата.
На почетокот на годината одвојуваме дел од профитот, средства коишто се наменети за култура, за лицата со посебни потреби, спорт, здравство.

Менди Чира, сопственик на градежна компанија од Струга, вели дека на почетокот на годината планираат одредена сума на средства која потоа ја донираат во хуманитарни активности.

„На почетокот на годината одвојуваме дел од профитот, средства коишто се наменети за култура, за лицата со посебни потреби, спорт, здравство. Има еден процент од 1-2 отсто од профитот, кој го одвојуваме секоја година. Може во текот на годината ако има потреби кои треба да се помагаат да го зголемиме буџетот. Имаме донирано во изградна и на цркви и на џамии“, вели Чира.
Има многу филантропи кои што донирале, но не сакаат да бидат објавени. Велат дека тогаш ќе се уништи нашата главна мисија, сакаме да донираме, но сакаме да сме тајни.

И бизнисменот Ванчо Чифлиганец вели дека се радува на секој момент кога на некого ќе подаде рака.

„Во тешки времиња многу лесно е човек да се најде во неизвесност. Помагам онаму каде има најмногу потреба во цела Македонија, во Охрид, Скопје, Радовиш. Помагаме и во стипендирање на деца, хуманитарна помош на социјални семејства, на оние кои нема каде да живеат, во религиозни објекти. Правиме црква во општина Аеродром“, рече Чифлиганец.

Катерина Василевска од Локалната агенција за развој од Струга, рече дека Македонците по природа се дарежливи и се филантропи, само што не сме навикнати сето тоа да го популаризираме.

„Има многу филантропи кои што донирале, но не сакаат да бидат објавени. Велат дека тогаш ќе се уништи нашата главна мисија, сакаме да донираме, но сакаме да сме тајни. Нашиот пристап е што повеќе да се зборува за филантропијата, толку повеќе луѓе ќе се инспирираат да донираат. Ќе речат кога тој го може тоа, го можам и јас“, рече Василевска.

Група активистки на женската организација Сороптимис од Струга и Локалната агенција за развој имаат долгорочна идеја да ја промовираат филантропијата помеѓу бизнис секторот, невладините организации и здруженија со цел да укажат на уште поголема потреба од тоа. Донација во реконструкција на детските градинки, набавка на нови реквизити и играчки, реконструкција на кровната конструкција на Брзата помош во Струга, набавка на апарат за анестезија на Општата болница во Струга, беа дел од проектите кои им беа презентирани на сегашните и идните филантропи, а кои тие можат да ги помогнат.
XS
SM
MD
LG