Достапни линкови

Здружението на македонските судии и медиумите


Управниот одбор на Здружението на судиите на Македонија во денешната реакција наведува дека новинарите, аналитичарите и колумнистите зачестиле со навредливи изјави и пишувања за судиите, судовите и системот на правдата. Тоа, како што се оценува, негативно влијае врз судството, ја еродира јавната перцепција за достоинство и интегритетот на судот и го слабее спроведувањето на правдата и правната држава. „Здружението прифаќа право на критички коментари на судски одлуки, но не и оние што се дизајнирани да го нападнат интегритетот и достоинството на судиите и ги преминуваат границите на одговорно новинарство“, се наведува во реакцијата.
XS
SM
MD
LG