Достапни линкови

Новата амбасадорка на САД Керолајн Кенеди во Токио


Новата амбасадорка на САД во Јапонија Керолајн Кенеди со кочија денеска пристигна во Царската палата во Токио за да му ги предаде акредититивите на јапонскиот цар Акихито. Тоа беше директно пренесувано на државната телевизија. 55 годишната ќерка на претседателот Џон Кенеди кој на 22 ноември 1963 година беше убиен во атентат во Далас, беше голем поддржувач во кампањата за повторен избор на претседателот Барак Обама. Соединетите држави имаат во Јапонија 50 илјади војници.
XS
SM
MD
LG