Достапни линкови

ОЕЦД со намалена прогноза за светскиот развој


Организацијата за економска соработка и развој денеска соопшти дека глобалната економија ќе расте и натаму, но со послаб интензитет од очекуваното. ОЕЦД прогнозира дека годинава порастот ќе биде 2,7 насто, додека во идната година 3,7 проценти. Во мај тие прогнози изнесуваа 3,1 и 4 проценти. Според ОЕЦД, Европската унија и Соединетите држави ќе имаат поголем развој од економиите на Кина, Индија и Бразил.
XS
SM
MD
LG