Достапни линкови

logo-print

Уште 4 активисти на Гринпис ослободени со кауција


жСудот во Санкт Петербург ослободи со кауција уште четири активисти на Гринпис. Ана Паула Aлимихана Масиел од Бразил, Дејвид Џон Осман од Нов Зеланд, Мигел Хернан Перез Oрси од Аргентина, и Томаш Џименианишчук од Полска секој посебно треба да платат кауција од 61,300 американски долари. Вчера судот ослободи со кауција три руски државјани членови на Гринпис кои како дел од групата од 30 луѓе од 18 земји беа уапсени по протестот во септември на нафтената платформа на Гаспром во Арктикот. Тие беа најпрвин обвинети за пиратство а потоа за хилиганизам за што казната затвор е до 7 години.
XS
SM
MD
LG