Достапни линкови

Иранскиот аташе за култура меѓу загинатите во Бејрут


Две експлозии одекнаа во близина на Иранската Амбасада во Бејрут, при што се јавува за најмалку 23 загинати. Амбасадата е оштетена, како и околните згради. Амбасадорот на Иран Газанфар Рокн Абади, според либанските официјални преставници, е безбеден, а межу загинатите бил Ибрахим Ансари кој работел како аташе за култура.
Подрачјето во кое е лоцирана Амбасадата се смета за упориште на шиитското движење Хезболах кое е сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, а поради тоа и мета на сириските бунтовници.
Според првичните извештаи, нападот бил извршен од двајца бомбаши самоубици, од кои едниот бил во автомобил.
XS
SM
MD
LG