Достапни линкови

Мали хидроцентрали - мала корист


Илустрација: Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани“ на Македонија Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ на 1 август 2012.

Илустрација: Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани“ на Македонија Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ на 1 август 2012.

Секоја година во земјава се зголемува нивото на увоз на енергенси и електрична енергија, производството е на исто ниво, а потрошувачката се зголемува.

Малите хидроцентрали ќе помогнат да се намали нивото на увоз, но за целиот електро енергетски систем немаат реално значење, сметаат експертите. Тие нагласуваат дека секоја година во земјава се зголемува нивото на увоз на енергенси и електрична енергија, посебно нагласувајќи го фактот дека производството е на исто ниво, а оти потрошувачката се зголемува за два проценти на годишно ниво.
Ни треба, за во Македонија да се покрие делот што се увезува, да се изгради минимум една 250 мегаватна постројка којашто би работела по минимум 6000 часа годишно за да може да се покрие количината на енергија што се увезува.

Професор Константин Димитров смета дека со изградбата на малите хидроцентрали дополнителна помош е можна, но не ја прифаќа идејата дека тие го решаваат проблемот.
Илустрација: ХЕЦ Шпилје.

Илустрација: ХЕЦ Шпилје.


„Ни треба, за во Македонија да се покрие делот што се увезува, да се изгради минимум една 250 мегаватна постројка којашто би работела по минимум 6000 часа годишно за да може да се покрие количината на енергија што се увезува“, вели Димитров.

Тие 10, 15 или 20 мегавати во споредба со 1500 колку што имаме се практично премалку, односно безначајни.
Тој појасни дека малите хидроцентрали многу зависат од хидролошките услови во годината кога работат. Ако има дожд, врнежи од снег и да има доволна количина вода, тие малку повеќе влијаат. Инаку, генерално, вкупното учество на таа енергија е на ниво на 15 до 20 проценти во зависност од условите на годината, вели Димитров.

„Малите хидроцентрали се добродојдени, го намалуваат нивото на увоз, но многу зависат од хидролошките услови во годината кога работат“, вели Димитров.

Слично размислува и професор Атанаско Тунески.

„Нивната вкупна инсталирана моќност е премногу мала за да може да влијае на целиот наш систем. Целиот наш систем има вкупно инсталирана моќност од 1500 мегавати, а ние за овие мали хидроцентрали зборуваме за 10-20 мегавати вкупно, но секако тие 10, 15 или 20 мегавати во споредба со 1500 колку што имаме се практично премалку, односно безначајни“, вели Тунески.

Владата најави дека ќе се градат 80 нови мали хидроцентрали. Меѓутоа и од аспект на реализацијата на проектот со малите хидроцентрали има проблеми, сметаат некои експерти. Атанаско Тунески оценува дека предолго се градат и оти и на број ги нема доволно.

Професор Димитров не мисли така. Според неговите зборови, таму каде што има проблеми со градењето станува збор за нерешени имотно-правни односи со земјиштето.

„Приватни имоти, ако треба да се направи пат или нешто друго, многу го отежнува почетокот на градбата. Откако ќе се почне градбата, помалку од една година се прави. Постапката до почетокот на градбата ни е сè уште релативно долга“, вели Димитров.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG