Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница за Косово


Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница на која ќе биде претставен најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за состојбата на Косово. Во извештајот Бан за ситуацијата од 16 јули до 15 октомври, се истакнува значењето на успехот на локалните избори, посебно во северниот дел на Косово, оценувајќи дека тоа ќе има влијание врз идната консолидација на мирот и стабилноста на Косово.
Тој наведува дека во овој период безбедносната ситуација на Косово била суштински мирна, со повремени етнички инциденти, при што, двете страни покажале зголемена посветеност во спречувањето на тензиите на теренот.
Генералниот секретар ги пофали Белград и Приштина поради нивните континуирана заложби во дијалогот, кој се води под покровителство на ЕУ, изјавувајќи дека нивните лидери одговориле со „визија и истрајност“ на бројните предизвици кои се појавиле во тој процес.
XS
SM
MD
LG