Достапни линкови

Виенска средба за Нагорно Карабах


Претседателите на Ерменија и Азербејџан, Серж Саркисијан и Илхам Алијев, денеска треба да ги продолжат разговорите во Виена околу спорот во Нагорно-Карабах.
Разговорите се одржуваат под покровителство на групата на ОБСЕ - Минск. Ерменија и Азербејџан се спорат за Нагорно –Карабах откако ерменски сепаратисти, поддржан од Ереван, завземаа дел од Азербејџан за време на војна во 90-тите на минатиот век.
Независноста на регионот не е меѓународно призната. Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави одлуката за средба меѓу претседателите на Ерменија и Азербејџан.
XS
SM
MD
LG