Достапни линкови

logo-print

Контрадикторности околу американско - авганистанскиот договор


Извештајите за клучниот безбедносен договор за статусот на американските војници во Авганистан по повлекувањето на странските сили кон крајот на 2014 година и натаму се контрадикторни.
Асошиетед прес повикувајки се на извори во американскиот Конгрес наведува дека според нацрт- договорот кој бил постигнат американските сили ќе бидат иземени од процесите во авганистанските судови.
Исто така според тој договор, американските војници не можеле да влезат во домовите на авганистанците.
Други западни медиуми, пак повикувајки се на извори блиски до авганистанскиот претседател Хамид Карзаи јавуваат дека договорот може и да не биде усвоен задутре на состанокот на племенските старешини Лоја Џирга. Договорот мора да биде одобрен од Лоја Џирга пред да може да се разгледува и од авганистанскиот парламент.
XS
SM
MD
LG