Достапни линкови

Путин оптимист за нуклеарните преговори со Иран


Рускиот претседател Владмир Путин

Рускиот претседател Владмир Путин му порачал на иранскиот претседател Хасан Рохани дека постои реална шанса за решавање на ќорсокакот во преговорите за нуклеарната програма на земјата. Кремљ соопшти дека Путин и Рохани телефонски разговарале, два дена пред одржувањето на новата рунда на нуклеарни разговри меѓу шесте светски сили и Иран во Женева. Според соопштението, Рохани ги повикал руските власти да помогнат во преговорите за донесување на решение.
XS
SM
MD
LG