Достапни линкови

Индонезија ја преиспитува соработката со Австралија


Сусило Бамбанг Јудхојоно

Сусило Бамбанг Јудхојоно

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно изјави дека земјата ја преиспитува соработката со Австралија по наводите дека неговиот телефон бил прислушкуван. Според него, австралискиот премиер Тони Абот покажал недостиг на каење по наводите дека австралиските шпионски агенции се обиделе да ги прислушкуваат неговите телефонските разговори, на неговата сопруга и на министрите.
Документите кои ги обелодени поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден покажуваат дека телефонот на Јудхојоно бил прислушкуван 15 дена во 2009 година.
XS
SM
MD
LG