Достапни линкови

Временска прогноза-претежно облачно


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, локално ќе има кратки сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите доцна попладне и во ноќните часови, а особено повеќе ќе бидат изразени во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
XS
SM
MD
LG