Достапни линкови

„Слободен Индекс“ - еден бубрег еднакво на еден семестар


Според кампањата на „Слободен индекс“ за бесплатно образование, со парите потрошени на проектот „Скопје 2014“, може да се овозможи бесплатно образование во следните 40 години.

Еден бубрег е еднакво на еден семестар е пораката на студентското движење „Слободен Индекс“ до институциите на интернационалниот ден на студентите. Тие бараат повторно да се воведе бесплатно високо образование за студентите, затоа што според нивната анализа со сегашните давачки од џебот на студентите во буџетот на универзитетот Св. Кирил и Методиј се прелеваат вкупно 8 милиони евра. Студентите објаснуваат дека државната квота треба да ги чини 200 евра, но на крај речиси секогаш излегува најмалку двојно повеќе.
Имаме дополнителни трошоци кои патем се необјасниви, како 750 денари за ИКСА од кои што не гледаме ништо, 300 денари по семестар за испит, за кои не знаеме за што се трошат.

„Имаме дополнителни трошоци кои патем се необјасниви, како 750 денари за ИКСА од кои што не гледаме ништо, 300 денари по семестар за испит, за кои не знаеме за што се трошат, а се собираат од буквално секој студент, потоа излегуваат дополнителни трошоци од типот на плаќање за потврда за редовен студент, која е од 100 до 500 денари на различни факултети што е само по себе бесмислено, затоа што за да ми потврди некој дека сум студент што сум за тоа ќе ми земе пари.“

„На долг рок гледано секој месец до два има по некој нов трошок што реално влијае на домашниот буџет“, велат студентите.

Студентите што ги анкетиравме сметаат дека доколку се воведе
Потребни се само дополнителни 0,3 проценти од буџетот на Македонија за да имаме целосно бесплатно образование на УКИМ, ако се гледа на ниво на државата,
бесплатна државна квота ќе може да се зголеми и квалитетот на образованието.

„Ќе се подигне стандардот за образованието, да биде поквалитетно, да има некаква селекција, а нема да се ловат што повеќе студенти да се запишат со цел да се земе што повеќе пари од нив бидејќи моментално квотите се прошируваат без граница, секоја година се примаат се повеќе студенти со цел да се пикнат во приватна квота, за да се земат што повеќе пари од нив додека факултетите и институциите немаат можности и капацитет за да образуваат толкав број на студенти со што се намалува и квалитетот на образованието.“
Секоја година се примаат се повеќе студенти со цел да се пикнат во приватна квота, за да се земат што повеќе пари од нив.

Претставниците на студентското движење „Слободен индекс“ велат дека високото образование не е достапно за сите социјални слоеви и дека се создава елитистички систем во кој само оние кои имаат пари имаа и пристап до високото образование. Тие додаваат дека е можно бесплатно образование во земјава затоа што до пред десетина години студентите со висок просек можеа да влезат во бесплатната државна квота.

„Потребни се само дополнителни 0,3 проценти од буџетот на Македонија за да имаме целосно бесплатно образование на УКИМ, ако се гледа на ниво на државата, УКИМ по студени е поголем од сите други три универзитети, тогаш може да заклучиме дека калкулирано да имаме бесплатно јавно високо образование на територија на цела Македонија се потребни околу 0, 5 проценти од државниот буџет, “ вели активистот во „Слободен Индекс“ Дејан Луковски.

Барањето за бесплатно високо образование е старо, пред 5 години се одржаа и протести за ова барање пред Министерството за образование. Тогаш и ректорот на УКИМ и министерот за образование тврдеа дека не може да се намали партиципацијата за државната квота. Тогаш, ректорот Велимир Стојановски, изјави дека 200 евра и не се многу пари на годишно ниво за студирање. Луковски вели дека институциите се непријателски настроени кон оваа идеа.

„Сепак можеби звучи дека 200 евра не е многу, но ако земеме предвид дека многу луѓе доаѓаат од другите градови, а бројот на леглата во студентските домови е ограничен па многу луѓе треба да се сместат приватно, дополнително тука се и административните давачки па и оние за штета на некои факултети, тогаш не се само 200 евра“, објаснува Луковски.

На ваквите барања досега Министерството за образование одговараше негативно, тврдејќи дека нема простор за укинување на кофинансирањето на државата квота. Според кампањата на Слободен индекс за бесплатно образование, со парите потрошени на проектот „Скопје 2014“, може да се овозможи бесплатно образование во следните 40 години. Тие додаваат дека образованието за 35.000 студенти за цела година чини колку 125 ректорски автомобили и 330 годишни плати на најплатените професори.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG