Достапни линкови

Меркел: Не е јасно дали Украина сака поблиски односи со ЕУ


Ангела Меркел во Бундестагот, 18.11.2013

Ангела Меркел во Бундестагот, 18.11.2013

Германската канцеларка Ангела Меркел, во денешното обраќање во парламентот изјави дека сеуште е нејасно дали Украина сака да ги исполни критериумите за потпишување договор за слободна трговија со Европската Унија. Брисел бара од Киев демократски реформи и ослободување на екс премиерката Јулија Тимошенко. Инаку, Меркел во парламентот оцени и дека американското шпионирање во Европа може да ги загрози преговорите за договорот за слободна трговија меѓу Соединетите Држави и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG