Достапни линкови

logo-print

Мали проблеми меѓу Македонија и Косово


Енергетиката, инфраструктурата, решавањето на отворените прашања и турзмот, беа централна тема на третата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Косово за економска соработка што денеска се одржа во Скопје. - Целта на денешниот Мешовит комитет е да ги отвориме сите прашања меѓу двете влади за да се интензивира економската соработка. Факт е дека постојат мали проблеми, но тие се со преоден карактер и затоа сме денеска тука за да ги затвориме. Се надевам дека во иднина нема да се доведеме во ситуација како што бевме пред два месеца кога се наруши имиџот на двете земји пред меѓународниот фактор и директно беа оштетени и граѓаните и компаниите, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини кој претседаваше со Комитетот од македонска страна.
Тој нагласи дека двете земји имаат одлични политички односи кои треба да се рефлектираат и во економијата и прецизира дека невниманието на двете влади и недоволната и недобра комуникација меѓу двете министерства можеби беа причината за проблемите од пред два месеца.
XS
SM
MD
LG