Достапни линкови

Земjoтрес на границата меѓу Хрватска и БиХ


Земјотрес со сила од 4,9 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денеска на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресот бил на 108 километри од Сараево и на 39 километри од хрватскиот град Сплит. Земјотресот бил на длабочина од два километра. Земјотресот бил почувствуван во цела Далмација и предизвикал вознемиреност меѓу локалните жители. Нема информации за жртви и материјални штети.
XS
SM
MD
LG