Достапни линкови

Неопходна поголема помош за Филипините


Филипинскиот претседател Бенињо Агуино побара поголеми и позабрзани напори за помош откако неговата влада беше критикувана за нејзиното несоодветно справување со последиците од катастрофалниот тајфун. Тој изјави дека ќе остане во најпогодените региони се додека не биде задоволен од тоа како се одвиваат операциите за помош. Во тајфунот Хаијан што ги погоди Филипините на 8 ноември загинале околу 4 илјади луѓе, додека над илјада ипол се водат за изчезнати. Светската банка денеска соопшти дека ќе позајми 500 милиони долари како итна помош за обнова на уништените подрачја.
XS
SM
MD
LG