Достапни линкови

Демонстрации против Златна зора во Патра


Грчката полиција синоќа употребила солзавец за да ги растера учесниците на демонстрациите во третиот по големина град во Грција, Патра, организирани по повод вчерашното одбележување на 40-годишнината од студентскиот бунт во Атинскиот политехнички факултет против фашистичката хунта. Демонстрантите фрлале камења и молотови коктели врз локалните канцеларии на неонацистичката партија Златна зора, чиј припадник е обвинет во убиството на 34-годишниот рапер левичар Павлос Фисас во Атина од 17 септември, како и за повеќе напади врз имигранти во Грција.
XS
SM
MD
LG