Достапни линкови

Британија префрла албански криминалци во Албанија


Околу 200 затвореници Албанци осудени за тешки кривични дела во Британија, ќе бидат префрлени во Албанија, каде ќе го издружаат останатиот дел од казната, Трансферот е врз основа на Договорот потпишан во август годинава, а ќе го рализираат Интерпол и албанската Главна управа на затворите. По потпишувањето на Договорот со Албанија, првиот човек на британските затвори Криспин Блунт изјави оти се надева дека вакви договори Лондон ќе потпише и со други земји и дека британските затвори ќе се ослободат од илјадниците странски затвореници, кои затворските казни би ги доиздржат во нивните земји.
XS
SM
MD
LG