Достапни линкови

„Вориа“: северна Грција во казина и по ниски цени во Македонија


Речиси 15 илјади жители на северна Грција секој викенд ја посетуваат Гевгелија за да се коцкаат и шопинг, што предизвикува голема загриженост кај промоторите и претприемачите во регионот. Ова го пишува економскиот портал „Вориа“, истакнувајќи дека Грците од северниот дел на земјата премногу често ги посетуваат трите казина во близина на границата што „ја турка на коленици локалната економија на пограничните области во северниот дел на Грција“. Според податоците од полициската станица на Евзони, од 2009 година, секој петок границата ја поминуваат најмалку пет до шест илјади луѓе, додека во сабота тој број изнесува осум илјади.
XS
SM
MD
LG