Достапни линкови

ОБСЕ го поздрави мирното гласање во северна Митровица


Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер ги поздрави вчерашното мирно повторување на гласањето на три избирачки места во северна Митровица. „Персоналот на ОБСЕ извести дека изборите минале без инциденти. Избирачките кутии се на сигурно. Одѕивот е добар, а повеќето локални жители дојдоа да го остварат нивното основно човеково право на гласање и избор на нивни претставници. Ова е важна пресвртница“, се наведува во изјавата на Заниер. Вчера во северниот дел на Митровица беа повторни изборите на три места каде што на првиот круг од локалните избори, влегле маскирани лица кои го уништиле изборниот материјал.
XS
SM
MD
LG