Достапни линкови

Американско вселенско летало ќе патува кон Марс


Ново американско вселенско летало е подготвено за полетување кон планетата Марс. Леталото наречено Мавен треба да стигне на Марс за 10 месеци, а потоа да направи круг околу црвената планета и за една целосна земјина година да ја испита неговата горната атмосфера. Елиптична орбита на објектот ќе се намали на 125 километри над Марс за да се тестира атмосферата. Научниците сакаат да дознаат како Марс се трансформирала од топла и влажна планетата пред неколку милијарди години во сува и ладна, а неговата атмосфера од дебела станала тенка. Научниците веруваат дека е можно голем дел од атмосферскиот гас да се проширил во вселената како резултат на соларната активност.
XS
SM
MD
LG