Достапни линкови

Водство на Бачелет на изборите во Чиле


Социјалистката Мишел Бачелет го освои првиот круг на претседателската трка на Чиле. Нејзината победа значи дека таа продолжува во финалниот втор круг на 15 декември кога ќе се соочи со конзервативната Евелин Матеи. Бачелет води во првиот круг со речиси 48 насто од гласовите, во споредба со 25 проценти на Матеи по преброени 90 проценти од гласачките ливчиња. Бачелет, која беше првата жена претседател на Чиле од 2006-2010, сега бара втор непоследователен мандат како лидер на јужноамериканската земја со највисок приход по жител.
XS
SM
MD
LG