Достапни линкови

logo-print

Авионска несреќа кај Казан - нема преживеани


Сите 44 патници и 6 члена на екипажот загинаа при уривањето на авион во Казан во Татарстан.
Станува збор за Боинг 737 кој летал од Москва кон Казан.
Портпаролот на руското министерство за итни ситуации Ирина Росиус изјави дека нема преживеани и оти во авионот немало деца.
Меѓу жртвите, се наоѓа и синот на претседателот на Татарстан Ирек Миниханов, и висок безбедносен републички функционер Александр Антонов како и сопругата на познатиот руски спортски коментатор Роман Скворцов.
XS
SM
MD
LG