Достапни линкови

Оланд во тридневна посета на Израел


Францускиот претседател Франсоа Оланд пристигна во Израел на тридневна посета во чиј фокус се очекува да биде иранската нуклеарна програма. Светските сили и Иран минатата недела се состанаа во Женева со цел да постигнат договор со кој Техеран ќе ги запре своите нуклеарни активности во замена за олеснување на меѓународните санкции. Франција и Израел изразија загриженост во врска со потенцијалните договор. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека продолжувањето на санкциите врз Иран, наместо олеснување, ќе произведе многу подобри резултати во преговорите. Оланд изјави дека нуклеарен Иран е закана за"целиот свет". Предвидено е Нетанјаху да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Џон Кери подоцна оваа недела. Иран и шесте сили ќе се состанат на 20-23 ноември на трета рунда разговори во Женева.
XS
SM
MD
LG