Достапни линкови

Навални избран за претседател на „Народна Алијанса”


Рускиот опозиционер Алексеј Навални е избран за претседател на новата партија „Народна Алијанса”. На денешниот партиски конгрес Навални доби 88 гласови од 108 присутни делегати, а Николај Лијаскин, кој беше дел од тимот на Навални за време на кампањата и неговиот неуспешен обид да стане градоначалник во септември, доби 12 гласови. Навални изјави дека се надева оти Министерството за правда ќе ја регистрира партијата, додавајќи дека ако тоа не се случи, ќе биде уште една потврда дека зборовите на власта дека дозволува опозицијата да учествува на избори се празни. Тој исто така ги повика другите опозициски партии и движења во Русија да се приклучат во борбата против корупцијата во владата.
XS
SM
MD
LG