Достапни линкови

Ставрески најави наградна игра за граѓаните


Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.
- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, рече Ставрески.
Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
XS
SM
MD
LG