Достапни линкови

logo-print

Кабинетот на Рохани доби потврда од парламентот


Парламентот на Иран го одобри последниот министер во кабинетот на претседателот Хасан Рохани по отфрлањето на првите три кандидати за местото. На собраниска седница 199 од 267 пратеници гласаа потврдно за Махмуд Гударзи како министер за спорт и млади. Со ова завршува процесот на пополнување на кабинетот. Парламентот ги одобри повеќето клучни позиции во август, но се противеше на номинациите од претседателот за помалку значајни места, обвинувајќи ги дека се неискусни и наклонети кон опозициското Зелено движење. Гударзи е професор по физичко образование и планирање на Техеранскиот Универзитет. Тој не е значителна фигура во било која политичка фракција, иако бил член на моќната Револуционерната гарда во раните 1980-ти.
XS
SM
MD
LG