Достапни линкови

Петиција против казнување на проституцијата во Франција


Десетици француски познати личности потишаа петиција против предлог да се казнуваат клиентите на проститутките. Францускиот парламентарен комитет следната недела треба да го разгледа предлогот на владејачката Социјалистичка партија со кој се бара казнување на клиентите на проститутките со парична казна од најмалку 1.500 евра, како и други санкции за практикување секс во јавност. Во соопштението објавено во француските медиуми се вели :
"Ние одбиваме криминализацијата на луѓе кои се проституираат и оние кои ги користат нивните услуги." Документот е потпишан од страна на околу 60 познати личности, вклучувајќи ги пејачот Шарл Азнавур, актерката Катрин Денев и режисерот Клод Ланзман. Проституцијата не е нелегална во Франција, но постојат закони против трговијата со луѓе, подведување и секс во јавност.
XS
SM
MD
LG