Достапни линкови

logo-print

Засилени безбедносни мерки во Атина


Над 7.000 полицајци во грчката престолнина денеска го обезбедуваат одбележувањето на 40-годишнината од бунтот на студентите во Атинската политехника, што доведе до пад на воената хунта во земјата. Манифестациите за одбележувањето на годишнината започнаа во петокот и нивната кулминација е планирана за денеска со протестен митинг до американската амбасада во Атина, која е под силно обезбедување. Зајакнати се и мерките за безбедност пред Парламентот и амбасадите покрај кои ќе минуваат учесниците во протестниот митинг.
XS
SM
MD
LG