Достапни линкови

Немири во Кина, над 11 мртви


Кинеската полиција соопшти дека 11 луѓе биле убиени во напад на полициска станица во нестабилниот северозападен регион Ксинџијанг. Регионалната влада на Ксинџијанг соопшти дека двајца полицајци и деветмина напаѓачи биле убиени во инцидентот. Според истите извори напаѓачите користеле ножеви и секири во нападот во близина на историскиот град Кашгар. Двајца други полицајци биле повредени во судирот. Ксинџијанг долго време е упориште на бунтот против кинеската власт предводена од радикали во регионот на турската муслиманска етничка група Ујгур. Оваа година минува во знакот на голем број смртоносни судири во Ксинџијанг и во Пекинг.
XS
SM
MD
LG