Достапни линкови

Најмалку 28 мртви во поплавите во Виетнам


Во поплавите кои од петокот го зафатија Виетнам загинаа најмалку 28 лица, девет се исчезнати, а речиси 80.000 се раселени. Државните медиуми соопштија дека водостојот на поплавите го помина нивото од претходните врв во 1999 година, кога имаше обилни дождови во централните региони на земјата. Околу 100.000 куќи беа поплавени, а речиси 80.000 луѓе се евакуирани, се вели во извештајот на државниот комитет за заштита од поплави и невреме.Поради поплавите затворени се неколку патишта, а откажани се и услугите на националната железничка станица.
XS
SM
MD
LG