Достапни линкови

Кери ги осуди насилствата во Либија


Американскиот државен секретар Џон Кери ги осуди неодамнешните насилства во либискиот главен град Триполи. Во неговото соопштение се вели дека Либијците не ги ризикувале своите животи во нивната револуција за ова насилство да продолжи. Кери ги повика Либијците да го прекинат циклусот на насилство преку дијалог и помирување. Тој вети дека САД ќе продолжат со поддршката на либиските власти и луѓето во време кога земјата минува низ тежок период. Неговата изјава следи по најновите насилства во Триполи кога ривалските паравојски се судрија во близина на главниот град. Во вчерашните судири повеќе од 40 лица загинаа, а 400 беа повредени.
XS
SM
MD
LG