Достапни линкови

Талибанците одговорни за бомбашкиот напад во Кабул


Талибанците ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад во главниот град на Авганистан вчера. Авганистанската полиција соопшти дека најмалку 10 лица загинаа, а 13 повредени кога бомбаш-самоубиец со неговиот автомобил удрил во оклопното возило за обезбедување на безбедноста на местото каде што илјадници племенски старешини треба да се состанат следната недела за да разговараат за безбедносниот пакт со САД. Официјален претставник на министерството за одбрана изјави меѓу загинатите има и еден војник. Бомбардирањето се случи во западниот дел на Кабул, на околу 500 метри од местото каде што Лоја Џирга или Големото собрание, требаше да дискутира за билатералниот безбедносен договор помеѓу Кабул и Вашингтон. Околу 2.500 луѓе од 34 провинции биле поканети да присуствуваат на собранието, кое треба да одлучи дали да го прифати предлогот на безбедносен договор.
XS
SM
MD
LG