Достапни линкови

Во северна Косовска Митровица повторување на локалните избори


Во три изборни единици во северна Косовска Митровица денеска ќе се прегласува на локалните избори, поради инцидентите на 3 ноември, кога се искршени гласачките кутии. Кандидатот на Граѓанската иницијатива Српска за градоначалник на северна Косовска Митровица Крстимир Пантиќ изјави дека очекува своја победа и победа на „Српска“ на повторените избори. Кандидатот на Граѓанската иницијатива „СДП“ за градоначалник на северна Косовска Митровица Оливер Ивановиќ очекува оти граѓаните ќе излезат на повторените избори во трите избирачки единици во овој град и предупреди оти бојкотот и слабиот одѕив би биле катастрофални за политичката стабилност.
XS
SM
MD
LG