Достапни линкови

Про и антивладини протести во Бугарија


Во двата главни градови во Бугарија, Софија и Пловдив денеска се собраа десетици илјади луѓе во рамките на про-и анти-владините протести.
Во Софија, поддржувачите на владејачката коалиција на социјалистите и на партијата на етничките Турци изразија солидарност со кабинетот. На собирот, премиерот Пламен Орешарски вети дека ќе продолжи со реформите за да им помогне на најзагрозените и да се подигнат приходите. Во вториот по големина град Пловдив, поддржувачите на најголемата опозициска партија ГЕРБ побараа оставка на Владата, обвинувајќи ја за неспособност и корупција.
Бугарија е најсиромашната држава во ЕУ. Гневот поради длабоко вкоренетите проблеми доведоа до пад на претходната влада во февруари. Но, владата на Орешарски изгуби голем дел од својата поддршка поради наводите за корупција.
Во текот на изминатите три недели, студенти ги окупираат универзитетите и одржуваат собири речиси секојдневно.
XS
SM
MD
LG