Достапни линкови

Шри Ланка доби рок за истрагата за воени злосторства


Дејвид Камерун

Дејвид Камерун

Велика Британија ја предупреди Шри Ланка дека тоа би можела да се соочи со меѓународна истрага за наводни воени злосторства извршени за време на последните фази на граѓанската војна во земјата, доколку владата не успеа да ја заврши својата истрага. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија ќе ја поддржи истрагата преку Советот за човекови права на Обединетите Нации, ако владата на Шри Ланка не успее да спроведе "веродостојна, транспарентна и независна" истрага до крајот на март следната година. Шри Ланка во неколку наврати ги негираше наводите дека се извршени воени злосторства од страна на армијата за време на последните фази на конфликт против Тамилските бунтовници во 2009 година.
XS
SM
MD
LG