Достапни линкови

logo-print

Полскиот министер за транспорт поднесе оставка


Полскиот премиер Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск

Полскиот министер за транспорт и близок сојузник на премиерот Доналд Туск, Славомир Новак поднесе оставка откако обвинителите соопштија дека тој веројатно го прекршил законот со тоа што не ја пријавил сопственоста на својот рачен часовник во вредност од 6600 долари. Туск пред новинарите изјави дека ја прифатил оставката на Новак, иако додаде дека ќе биде добредојден на својата стара работа доколку истрагата го ослободи од какви било прекршоци. Овој случај фрла нова сенка врз партијата на Туск, Граѓанската платформа која е под лупа за наводни сомнителни активности. Партијата се обидува да го подобри својот имиџ пред изборите во 2015 година.
XS
SM
MD
LG