Достапни линкови

Во безбедносна операција убиени пет милитанти во Русија


Руските агенции за спроведување на законите соопштија дека пет осомничени милитанти, вклучувајќи и наводниот организатор на нападот на автобусот минатиот месец во Волгоград, се убиени во посебна безбедносна операција надвор од Махачкала, Дагестан. Руските новински агенции јавија дека полицијата ја опколила куќата во која Дмитриј Соколов и другите наводни напаѓачи се криеле. Соколов, наводно, бил во брак со осомничениот бомбаш-самоубиец Надја Азијалова, која е поврзана со нападот на патнички автобус во јужниот град Волгоград. Најмалку шест лица загинаа во тој напад. Претходно руски официјални лица изјавија дека Соколов ја презел одговорноста за заговор за неколку терористички напади, вклучително и тој врз автобусот во Волгоград. Соколов, наводно признал дека ја подготвил експлозивната направа која бомбашот-самоубиец подоцна ја активирал во внатрешноста на автобусот.
XS
SM
MD
LG