Достапни линкови

Нови судири во Триполи


По смртоносните судири во петокот, денеска нови судири меѓу ривалските либиски паравојски во предградието на либискиот главен град Триполи. Денешното насилство во предградието на Триполи е помеѓу припадници на паравојската и борците од Мисрата. Премиерот Али Зејдан ги повика ривалските паравојски да се тргнат од Триполи, додавајќи дека тоа ќе има негативни и катастрофални последици. Официјални лица соопштија дека 42 лица загинале, а 400 други се ранети во судирите во петокот. Крвопролевањето започна кога демонстрантите маршираа пред седиштата на паравојската Мисрата барајќи таа да си оди од Триполи, при што биле нападнати. Демонстрантите избегале, но потоа се вратиле тешко вооружени и одговориле на нападот. Две години по падот на режимот на Моамер Гадафи, владата се бори против паравоените формации кои контролираат делови од Либија.
XS
SM
MD
LG