Достапни линкови

Бомбашки напад во Кабул на местото на одржување на Големиот совет


Бомба експлодирала во близина на местото каде што илјадници влијателни Авганистанци ќе се соберат во идната недела да разговараат за клучниот американско-авганистански пакт за безбедност. Силната експлозија била слушната во западниот дел на главниот град Кабул. Претставник на полицијата за Радио Слободен Авганистан изјави дека станува збор за напад со автомобил бомба, кој има предизвикано жртви, но не наведе повеќе детали.
Засега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.
Околу 3 илјади племенски водачи и други значајни фигури од Авганистан в четврток ќе се соберат на таканаречената Лоја Џирга, односно Големиот совет, на кој ќе се разговара за спогодба која би им дозволила на американските трупи да останат во земјата и по повлекувањето на меѓународните сили во идната година.
XS
SM
MD
LG