Достапни линкови

logo-print

Бериша бара оставка од Рама


По одлуката на Владата на премиерот Еди Рама дека Албанија нема капацитет да го уништи сириското хемиско оружје, реагираше поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Бериша со барање Рама да си поднесе оставка, зашто никој во светот веќе не му верува, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Го повикувам Еди Рама да си поднесе оставка доколку му останала и трошка одговорност и достоинство. Поднеси си оставка зашто на ова тло, Албанец или странец, веќе никој не ти верува, напиша на Фејсбук Бериша.

- Албанската младина триумфираше над измамата на Еди Рама. Таа, со историскиот протест, го победи човекот кој го измами светот, сојузниците и Албанците, напиша Бериша.

По обраќањето на Рама реагираше и американската Амбасада во Тирана, наведувајќи дека официјален Вашингтон ја почитува одлуката.
XS
SM
MD
LG